Утрински Весник
Свет

Нов силен земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Нов силен земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Умерен земјотрес беше почувствуван денеска во 14.27 часот во Албанија и Црна Гора.

Црногорскиот Сеизмолошки оддел го регистрираше епицентарот на земјотресот на 10 километри источно од Подхум (Тузи). Европскиот медитерански сеизмолошки центар наведува дека земјотресот бил со јачина од 4,3 степени.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 26 километри.

„ Врз основа на нумеричкиот модел за промена на интензитетот со растојанието во овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не може да предизвика материјална штета во епицентралната област“, ​​соопшти црногорскиот Сеизмолошки оддел.

Епицентарот бил на границата меѓу Црна Гора и Албанија на албанска страна над Скадарското Езеро.

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала беше силно почувствуван утрово во Црна Гора.

Епицентарот на земјотресот бил и во Албанија, во близина на границата со Црна Гора, 11 километри источно од Подхум.

Можете да прочитате

Бројот на загинатите во земјотресите во Венецуела надмина 3.500

Бројот загинати во рускиот напад врз Киев се искачи на 18, кон Москва лансирани 430 украински дронови

На Куба почна обнова во снабдувањето со струја по колапсот на електроенергетската мрежа