Утрински Весник
Магазин

Трејси Морган им се придружува на Шварценегер и Девито во продолжението на „Близнаци“

Трејси Морган им се придружува на Шварценегер и Девито во продолжението на „Близнаци“
Img 5587

33 години откако во кината се појави комедијата „Близнаци“ со Арнолд Шварценегер и Дени Девито во главните улоги, конечно се случува продолжението „Тројки“ со Трејси Морган како нов член во актерскиот тим.

Морган во продолжението ќе го глуми одамна изгубениот трет брат на Џулијан (Шварценегер) и Винсент (ДеВито), а режисерот на „Близнаци“ Ајван Рајтман ќе се врати на кормилото, објави „Дедлајн“.

Img 5587

„Трјки“ стана еден од најжешките проекти што се купуваат на меѓународниот филмски фестивал во Торонто, а снимањето треба да започне овој јануари во Бостон.

Оригиналниот комичен класик од 1988 година го следеше Џулиус Бенедикт односно Шварценегер, физички совршен но социјално наивен човек, кој го наоѓа својот одамна изгубен брат близнак Винсент (Девито).

„Близнаци“ беше петти филм со најголема заработка во 1988 година. Комедијата инкасираше 111,9 милиони долари во САД и 216,6 милиони долари во светски рамки.

За тројките се зборуваше неколку години наназад, а Еди Марфи првично требаше да биде третиот брат.

Ss1

Можете да прочитате

Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер

Почина таткото на Тоше Проески

Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение