Утрински Весник
Свет

(Вознемирувачко видео) На Фарските Острови масакр на скоро 1.500 делфини

(Вознемирувачко видео) На Фарските Острови масакр на скоро 1.500 делфини
Ss2

Дури и најупорните бранители на традиционалниот лов на китови и делфини денеска го осудија суровиот и непотребен масакр врз речиси 1.500 делфини во близина на Фарските Острови.

Според „Гардијан“, делфините претходно биле принудени да испливаат во плитките на плажата Скалаботнур на островот Ејстурој, каде безуспешно се обидувале да се спасат пред да ги убијат.

Ss1

Групата „Си Шепард“, која со години се бори против ловот на китови, тврди дека неодамна завршениот лов е најголемиот поединечен масакр на делфини и китови во историјата на Фарските Острови.

Се наведува дека повеќе животни биле убиени во еден ден отколку во текот на целата сезона во озлогласениот залив Таиџи во Јапонија.

Дури и жителите на Фарските Острови, од кои повеќето го гледаат ловот како дел од нивното културно наследство, изразија одвратност.

„Мака ми е кога гледам вакво нешто“, напиша еден од жителите на островот на фејсбук-страницата на локална телевизија, додека друг го нарече масакрот страшен и посочи дека поради овој обичај се срами што е жител на Фарските Острови.

Хари Петерсен, кој претседава со локалното здружение за лов во заливи, рече дека премногу делфини биле насочени и принудени кон плажата, како и дека имало премалку луѓе на плажата кои желно чекале да ги убијат.

Петерсен додаде дека е згрозен од она што се случило.

„Вџашен сум од она што се случи. Делфините долго се мачеа и прпелкаа во плитката вода пред да бидат убиени“, изјави Петерсен.

Ss1

Можете да прочитате

ЕУ ја предупреди Грузија дека усвојувањето на законот за „странски агенти“ ќе биде пречка за европската иднина на земјата

Иран воведе санкции за поединци и правни субјекти од САД и Велика Британија

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на САД дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина