Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден мотоциклист кај Кичевско

Тешко повреден мотоциклист кај Кичевско

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа, што се случила вчера на крстосница на магистрален со локален пат кај кичевското село Другово.

Според информациите, несреќата се случила помеѓу автомобил „Опел Астра“ управуван од З.С.(56) од селото Другово и мотоцикл „Сузуки“ управуван од И.М.(40) од Скопје.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница во Кичево. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.

Можете да прочитате

Излегол од домот во Кисела Вода и му се губи трагата – се бара Трајан

Комбе се запали во Кисела Вода

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари