Утрински Весник
Магазин

Ирански музичар се соочува со затвор за новиот албум

Ирански музичар се соочува со затвор за новиот албум

Иранскиот музичар Меди Раџабијан се соочува со затворска казна поради својата музика, објави британски „Би-би-си“.

Всушност, тој веќе два пати бил зад решетки – три месеци во самица и две години во злогласен затвор во Техеран од каде условно бил пуштен откако штрајкувал со глад – за објавување песни со кои иранските власти не се согласуваат. Но, тој е непоколеблив.

„Нема да се повлечам и нема да се цензурирам“, вели тој за Би-би-си њуз.

Британскиот јавен сервис открива дека тој работел тајно во подрумот на својот дом во Сари, северен Иран, за да создаде нов албум.

Наречен Coup Of The Gods, во албумот настапува бразилски оркестар, заедно со музичари од Турција, Русија, Индија, Аргентина и две пејачки од САД, Лизи О’Вери и Обри Џонсон.

Нивните гласови ги оживуваат песните на Раџабијан, исполнети со болка. Но, тие исто така даваат смела политичка изјава – бидејќи женските вокали се забранети во Иран.

Кога Раџабијан минатата година најави дека ќе работи со музичарки, тој беше уапсен и изведен на суд, каде судијата му рече дека „поттикнува проституција“. По плаќањето кауција, тој продолжи да снима, и покрај заканата со затвор.

Во изјава за „Би-би-си“ тој тогаш рече: „Овој режим сака да го задуши мојот глас и инсистира да престанам да создавам музика“.

Можете да прочитате

Сè забележуваат, малку кажуваат: Четири хороскопски знаци што тешко можете да ги измамите

Човештвото може да исчезне до 2100 година поради нуклеарна војна и злоупотреба на вештачката интелигенција

Големо откритие во физиката: Создадени првите нуклеарни часовници во светот