Утрински Весник
Економија

(Видео) Митрески: Со измените на Законот за облигациони односи, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот

(Видео) Митрески: Со измените на Законот за облигациони односи, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот
Ss2

По предлог од пратениците од парламентарното мнозинство на дневен ред на денешната седница се и дополнувањата на Законот за облигационите односи, информира координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

Со предвидените дополнувања, појасни Митрески, се додава нов член кој гласи: Кога износот на стасаната, а неисплатена договорна камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече.

300x250 (7)

Ова во пракса, како што дообјасни тој, ќе значи дека нема повеќе да има ситуации каде некој граѓанин за долг од на пример 500 денари да плаќа 5.000, 8.000 па и 10.000 денари по основ на камати.

„Со предложените измени предлагаме каматата да не смее да биде повисока од долгот. Примената на Законот е предвидена од октомври, 2021 година, а со него се решава една долгогодишна неправда кон бројни категории граѓани, се решава еден голем и тежок проблем на учесниците во правниот промет“, нагласи Митрески.

Од особена важност е како што рече, сите пратеници да се стават над дневнопартиските интереси, да се откажат од блокади и опструкции и да дадат поддршка на овие законски дополнувања.

Со овој закон не губи никој, а добиваат многумина, потенцира Митрески.

Ss1

Можете да прочитате

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром

РКЕ: Минатата година само 2,75 проценти од струјата била обезбедена од увоз