Утрински Весник
Култура

Филхармонија гостува со „Петре и волкот“ во Прилеп

Филхармонија гостува со „Петре и волкот“ во Прилеп

Оркестарот на Филхармонија в петок, 17 септември ќе гостува во Прилеп, каде што ќе ја изведе симфонискат поема „Петре и волкот“ од Сергеј Прокофјев. Концертот наменет за најмладата публика ќе се одржи во Домот на култура „Марко Цепенков“ со почеток во 20 часот. Диригент е Борјан Цанев, а наратор, актерот Мартин Јордановски, кој ќе ги води децата низ авантурите на Петре.

„Петре и волкот“ е едно од најпознатите дела на рускиот композитор Сергеј Прокофјев и е неизоставен дел од репертоарот на сите симфониски оркестри, особено во театрите за деца. Делото е напишано за наратор и оркестар, чии поединечни инструменти или групи на инструменти ги претставуваат ликовите во приказната. На тој начин, младите слушатели се запознаваат со составот на оркестарот.

Приказната го следи Петре кој поминува некое време во куќата на својот дедо сместена во шума. Еден ден тој несакајќи ќе ја остави вратата од дворот отворена, и покрај тоа што дедото ќе го предупреди да не го прави тоа, бидејќи во шумата живее опасен волк. Петре во тоа нема да верува, но кога навистина ќе се појави волкот, тогаш почнува неговата авантура, обидувајќи се да го фати.

Текстот Филхармонија гостува со „Петре и волкот“ во Прилеп е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“