Утрински Весник
Магазин

Џенифер Анистон прави „бебешки чекори“ назад во јавниот живот

Џенифер Анистон прави „бебешки чекори“ назад во јавниот живот

Sвездата на „Утринското шоу“ нема да присуствува на доделувањето на наградите „Еми“ во недела (19 септември) и покрај тоа што специјалната средба на „Пријателите“ доби четири номинации. Анистон уште се прилагодува да биде повторно со други луѓе по неколку месеци карантин среде пандемија.

Во видео-разговор на „Џими Кимел лајф“, таа рече: „Не, нема да одам. Мислам дека Бен Винстон, нашиот продуцент и режисер кој ја состави целата работа ќе оди.“

“Ова е голем чекор за мене да бидам тука. Јас сега правам бебешки чекори.“

Во меѓувреме, 52-годишната актерка призна дека сака кога нејзиниот и ликот на Рис Витерспун во The Morning Show – Алекс Леви и Бредли Џексон – се расправаат бидејќи тоа таа и Рис имаат одличен пријателски однос во реалниот живот.

„Секогаш е забавно да се расправаш со Рис затоа што таа не е таква во реалноста. Таа е толку слатка и зрачи со енергија, како сонце,“ рече Џенифер.

Можете да прочитате

Kолку е навистина здраво да се јаде лебот секој ден?

BYD Јангванг У9 Екстрим постигна 503 км/ч и стана најбрзиот автомобил во светот

Боси нозе – здравје за целото тело