Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло време со температура до 35 степени

Сончево и топло време со температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени, информира УХМР.

Во Скопје, претежно сончево и топло слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 32 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и топло време. В сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од недела температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Можете да прочитате

Муцунски се сретна со Сијарто во Виена

Македонија заслужува членство во ЕУ, смета Николоски

Двајца крадци опљачкале објект за брзи кредити