Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев: Културно-информативниот центар во Тирана ќе придонесе за презентирање на традицијата, културата и уметноста на нашата земја во Албанија

(Видео) Заев: Културно-информативниот центар во Тирана ќе придонесе за презентирање на традицијата, културата и уметноста на нашата земја во Албанија
Dik 300x250 mk

Премиерот Зоран Заев денеска по работниот ручек на лидерите на Западен Балкан со германската канцеларка Ангела Меркел го посети новоотворениот македонски Културно-информативен центар во Тирана.

„ Отворањето на Културно-информативниот центар ќе придонесе за популаризација и презентирање на традицијата, културата и уметноста на нашата земја во Албанија, и ќе овозможи навремено и изворно информирање на граѓаните за актуелните културни текови во нашата држава“ рече Заев и нагласи дека центарот ќе биде мост за зближување и заемно запознавање меѓу народите на двете земји.

Тој истакна дека просторот ќе биде сврталиште за настапи и средби за време на гостувањата на македонските театри во Тирана и во другите градови во Албанија, како и место за изложби, камерни концерти и средби на ликовните, музичките и другите уметници за време на нивните гостувања во пријателска Албанија.

„ Сакаме колку што е можно поскоро да се воспостави реципроцитет за презентација и на албанската култура во Северна Македонија преку организирање разни настани, изложби, литературни и научни предавања, филмски проекции, промоција во медиумите и обезбедување информативни услуги за заинтересираните граѓани. Овие иницијативи се сериозни изрази на длабокото и искрено пријателство меѓу двете земји. Тие се израз на европскиот дух што автентично го негуваат и афирмираат и Албанија и Северна Македонија како соседни земји кои се почитуваат и заеднички ги практикуваат европските вредности за добрососедство“ изјави Заев.

Овие вредности, според него, се доказ дека и двете земји се дел од европското семејство, дека таму припаѓаат, и дека со многу исполнети критериуми го заслужуваат и формално своето место во заедничкиот дом – Европската Унија.

Можете да прочитате

Управниот суд ја потврди одлуката на ДИК – ДНЕТ останува без листа во Скопје!

Тошковски: Гласањето започна на сите избирачки места, изборниот процес тече мирно и демократски

Зацврстување на соработката: ССКМ на 14. Регионална Економска Конференција во Будва