Утрински Весник
Македонија

Кандидатката за градоначалничка на Скопје Арсовска, без маска на состанок со Занаетчиска комора

Кандидатката за градоначалничка на Скопје Арсовска, без маска на состанок со Занаетчиска комора
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Данела Арсовска, кандидатката за градоначалничка на Скопје и сегашна претседателка на Сојузот на стопански комори на  „Фејсбук“ објави фотографија од состанок со претставници на Занаетчиската комора, на која се гледа дека разговараат без маски, а не внимаваат ниту на дистанца. Арсовска, фотографијата од состанокот ја објави вчера.

На сила сè уште се мерки кои пропишуваат задолжително носење маска во затворени простории, но од објавената фотографија се гледа дека на состанокот никој не носи маска. Маските, на фотографијата, стојат на масата пред учесниците на состанокот.

За слична објава на прекршување на протоколите, во јануари годинава, функционери од ДУИ добија казна од 20 евра за неносење маска и кривична пријава откако на социјалните мрежи објавија фотографија на која се гледа дека во просториите на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците слават роденден на лидерот Али Ахмети.

Можете да прочитате

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа кај Брвеница