Утрински Весник
Магазин

„Фокс ентертејнмент“ го купи брендот за селебрити-вести „ТМЗ“

„Фокс ентертејнмент“ го купи брендот за селебрити-вести „ТМЗ“

„ТМЗ“ ѝ се придружува на империјата на мултимедискиот магнат Руперт Мурдок.

„Фокс ентертејнмент“ стана сопственик на „ТМЗ“, таблоидска веб-страница и дневна ТВ-програма, соопшти компанијата во понеделникот.

Брендот за селебрити-вести и забава, познат како снабдувач на најновите вести и озборувања за познати личности, претходно беше во сопственост на WornerMedia, која исто така е сопственик на „Си-ен-ен“.

Харви Левин, главен уредник на „ТМЗ“, ко-основач на компанијата во 2005 година, ќе остане со истата функција под новото сопствеништво и ќе поднесува извештаи до менаџментот на „Фокс“.

Други услови на договорот не беа обелоденети.

Не е откриена цената на ТМЗ-портфолиото, кое вклучува и дневна ТВ-програма „ТМЗ лајф“.

„Фокс“ ќе раководи со сите канали на „ТМЗ“, вклучувајќи ги и програмите „ТМЗ“ и „ТМЗ лајф“ кои веќе се емитуваат на 18 филијали на мрежата во сопственост на Fox Television Stations, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 29 октомври 2026 година

Дневен хороскоп за 28 октомври: Близнаците добиваат интересна понуда, Јарците завршуваат важна обврска

На генералната конференција за тежини и мерки во Версај донесени одлуки за иднината на мерењето на времето