Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за 20-годишник кој лажно пријавил дека му бил украден автомобилот

Кривична пријава за 20-годишник кој лажно пријавил дека му бил украден автомобилот

Полицијата го приведе Д.И.(20) од кратовско село, поради лажно пријавување кривично дело.

„На 6 септември во Полициската станица Чаир Д.И. пријавил дека на улицата Гоце Стојчевски во Скопје му било одземено патничко возило ‘фолксваген туарег’ со италијански регистарски ознаки. Но, по преземени мерки и активности од полициски службеници било констатирано дека станува збор за лажно пријавување“, информираат од МВР.

Д.И. го признал делото и изјавил дека го сторил тоа по претходен договор со едно лице поради должничко доверителски односи и за да го прикрие тоа од неговото семејство. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Маж нападнат во сопствениот двор од сосетката со дрвен предмет

АА: Нема да дозволиме преку административни одлуки да се укине институционалната застапеност на Албанците

Филипче: Дискусии да, но за прашања од интерес на сите граѓани