Утрински Весник
Македонија

Совет за безбедност: Направени се сите неопходни безбедносни проверки за бегалците од Авганистан

Совет за безбедност: Направени се сите неопходни безбедносни проверки за бегалците од Авганистан
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Кабинетот на Претседателот Пендаровски денеска се одржа 13-та седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

Точки на дневен ред за кои се дискутирало биле лицата од Авганистан прифатени на нашата територија и поставеноста на системот за управување со кризи.

Како што информираат од претседателскиот Кабинет, присутните констатирале дека Република Северна Македонија, како членка на НАТО, покажала подготвеност и ги понудила своите капацитети за прифаќање на лицата од Авганистан.

„Надлежните министри и претставниците на институциите информираа за досегашните активности за згрижувањето на прифатените лица од Авганистан, за кои се направени сите неопходни безбедносни проверки и за кои се изработени безбедносните протоколи за нивен престој во државата“, се наведува во соопштението.

Во однос на втората точка на дневниот ред, Советот за безбедност и предложил на Владата, во најкус можен рок да се формира работна група, која ќе ја согледа состојбата со системот за управување со кризи.

„Имајќи ги предвид неодамнешните состојби со пожарите, работната група треба да предложи конкретни мерки со цел системот за управување со кризи да биде пофункционален и поефикасен“, се согласиле учесниците.

Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата присуствуваа и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути и националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, Зоран Петров.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе