Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Дејмон Хил: Лоша процена или пресметан потег на Ферстапен

Дејмон Хил: Лоша процена или пресметан потег на Ферстапен
300x250 opst2

Дејмон Хил, поранешен светски првак во Формула 1, се огласи со коментар по инцидентот што се случи во Монца помеѓу кандидатите за титулата Макс Ферстапен и Луис Хамилтон. Хил инцидентот го оценил „како лоша процена или пресметан потег“.

Хил во минатото има слично искуство кога во 1994 година се бореше со Михаел Шумахер за шампионскиот трофеј.

„Никако не можеше да му помине она што сакаше да го направи во таа кривина. Мораше да се повлече, како што тоа Луис го направи на почетокот на трката. Единствен заклучок е дека тој си мислел оти мора да го исфрли Луис“, рекол Хил и дополнил.

„На сакам да имам лошо мислење за кој било од возачите, но мислам дека ова беше или лоша процена или пресметан потег за да се судри со Луис. Знам дека ова е јака изјава и не сакам никого да обвинувам, но тој има предност во генералниот пласман. На оваа патека требаше да победи Мерцедес, а Макс на крајот излезе како лидер во шампионатот“, рекол светскиот првак од 1996 година.

> Дејмон Хил: Лоша процена или пресметан потег на Ферстапен <

Можете да прочитате

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион

Македонската фудбалска репрезентација го пречекува Казахстан во претпоследниот квалификациски меч за СП 2026

Почина легендарниот ракометен тренер Илија Темелковски