Утрински Весник
Македонија

Општина Центар: Паушални се барањата на носителот на советничката листа на „Шанса за Центар“

Општина Центар: Паушални се барањата на носителот на советничката листа на „Шанса за Центар“

Паушални и политикантски се барањата на носителот на советничката листа на „Шанса за Центар“, Јана Белчева Андреевска, поврзани со КК „Работнички“, реагираат од Општина Центар.

„Советничкката за 4 години не научи ништо ни за Центар, ниту за потребите на центарци. Доколку сѐ уште актуелната советничка Јана Белчева Андреевска смета дека треба да бидат одземени термините на КК „Работнички“, а се поврзани со поволностите кои што ги дава општината, односно обезбедување на средства и подобрување на условите, сакаме да ѝ напоменеме дека КК „Работнички“ е нашиот најтрофеен македонски кошаркарски клуб кој годинава прославува 75 години од постоењето. Инаку Белчева Андреевска ова прашање можеше да го иницира и изминатите четири години, кога беше советник а и претседател на Советот на општина Центар. Ова беше доволен период да ги научи процедурите по кои работи секоја општина. Доколку Белчева Андреевска е против спортот и спортистите, ќе има можност во кампањата ова да им го каже на сите граѓани од Центар“, стои во писмената реакција од Општина Центар.

„Во однос на таблетите, односно лап топ компјутерите, доколку советничката смета дека наместо на советниците, лап-топ компјутерите треба да се доделат на учениците, на наредната седница слободно може да поднесе амандман и на советниците да им бидат одземени. Белчева и пред четири години можеше да се откаже и да го донира својот лап топ. Сакаме да нагласиме дека последниот хонорар на советниците од СДСМ и коалицијата и платата на градоначалникот Саша Богдановиќ, ќе ги донираат за купување на лап-топи или таблети за деца од социјално загрозени семејства, со цел да им обезбедиме непречена настава. За лап-топ компјутерите, секој член на Советот ќе си се произнесе дали ќе го донира или не лап-топ компјутерот или мобилниот телефон, кои му следуваат со стапувањето на фукнција. Бидејќи во тек е изборниот период и сите донации се забранети, донациите ќе ги оствариме по завршувањето на локалните избори, со цел да не го прекршиме Изборниот законик. Штом се ослободи простор за ребаланс на буџетот, советничката група на СДСМ ќе поднесе предлог до Советот за сите средства наменети за патувања на советниците и на градоначалникот, да се пренаменат за лап-топ компјутери и таблети на деца од социјално загрозени семејства“, се додава во соопштението.

Од Општината  со повик до Белчева да ги рефундира средствата од Општина Центар во висина од над 100.000 денари, кои, како што посочуваат од таму таа ги користела за патување во Осло, Норвешка во 2019-та година, односно 12.731 денар за дневници, 29.690 денари за патни трошоци и 58.586 денари за хотелско сместување.

„Ниту еден друг советник освен Белчева Андреевска нема искористено никакви средства за патувања. А доколку е толку загрижена, може истите да ги рефундира, односно да ги донира за набавка на компјутери, затоа што со тие средства може да се набават најмалку 4 до 5 лап-топ компјутери и истите да ги донираме, бидејќи едно нејзино ноќевање чинело 250 евра од вечер“, напоменуваат од општината.

Можете да прочитате

Огнот беснее на повеќе локации: Осум активни пожари во земјата до 18 часот

Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Сè уште наизменично движење на автомобили во двата правца кај „Блаце“ и забрана за камиони