Утрински Весник
Македонија

ДУИ ги повикува сите граѓани да се попишуваат: „Најголемиот патриотски чин во овој период е пописот“

ДУИ ги повикува сите граѓани да се попишуваат: „Најголемиот патриотски чин во овој период е пописот“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Демократската Унија за Интеграција на прес-конференција упати апел до граѓаните активно да се вклучат во пописниот процес.

Агим Нухиу од ДУИ ги повика граѓаните да одговорат позитивно на овој, како што рече, многу суштински и значаен процес за целата држава. Нагласи дека ДУИ се погрижила законот за попис на населението да биде сеопфатен, без ниту една забелешка.

„Вратите на нашите домови се отвараат без никаков сомнеж. Граѓаните се попишуваат. Ние повикуваме да се попишува и последниот граѓанин. Најголемиот патриотски чин во овој период е пописот“, рече Нухиу.

Апелот на ДУИ ја опфаќа и дијаспората.

„Попишувањето на дијаспората продолжува без никаков прекин. Ги повикуваме сите оние кои досега не се попишале да го направат тоа во овој период. Сите граѓани на нашата држава ќе се попишуваат, ќе се избројат и ќе бидат дел од вкупниот број на населението на нашата држава вклучувајќи ја тука и дијаспората. Законот ќе се имплементира до неговата последна буква. Институциите посветено се грижат за правилното спроведување на овој процес“, додаде Нухиу.

Пописот ќе трае до 30 септември. За прв пат, дијаспората се попишува користејќи ја опцијата за електронско попишување.

 

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен