Утрински Весник
Македонија

Седница на Советот за безбедност – ќе се разговара за бегалците од Авганистан

Седница на Советот за безбедност – ќе се разговара за бегалците од Авганистан

Во Кабинетот на претседателот утре напладне ќе се одржи 13-та седница на Советот за безбедност.

Покрај членовите на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски на седницата ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.

На седницата ќе се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија, и за поставеноста на системот за управување со кризи.

Можете да прочитате

Тепачка во скопско село, тројца приведени

Македонските државјани во подрачјата зафатени од пожарите во Грција да се обратат ако имаат потреба од помош, повика МНР

Левица: Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој од здравствениот синџир не е ни разрешен