Возачот на Дукати – Франческо „Пеко“ Бањаја во луд финиш го победи Шпанецот Марк Маркес на МотоГП трката во Арагон.
Спектакуларната трка донесе неколку претекнување во последните кругови, но Бањаја успеа да одолее на нападите на Маркес и прв ја помина целта.
За Италијанецот Бањаја ова беше прва победа во „кралската“ класа.
Место на подиумот имаше и за третопласираниот Жоан Мир трет, додека зад него пласман обезбедија и Еспаргаро, односно Милер.
Лидерот во генералниот пласман, возачот на Јамаха – Фабио Квартараро трката ја заврши како осмопласиран.
Квартараро досега собра 214 поени, зад него е Бањаја со 161 поен. Трет е Мир со 157 поени.
Fighting hard for every point! ⚔️@FabioQ20 is defending P9 for all he’s worth! ✊#AragonGP ? pic.twitter.com/bCUDsu4TRR
— MotoGP™? (@MotoGP) September 12, 2021
> Бањаја побрз од Маркес во Арагон за прв триумф во „кралската“ класа <