Утрински Весник
Свет

Талибански министер: Жените можат да студираат, но под еден услов

Талибански министер: Жените можат да студираат, но под еден услов

Талибанците потврдија дека на жените во Авганистан ќе им биде дозволено да студираат на универзитети, притоа почитувајќи едно правило.

Министерот за високо образование во новата талибанска влада, Абдул Баки Хакани, изјави дека жените можат да учат на универзитети, вклучително и постдипломски студии, но дека ќе седат во училници одделно од мажите и дека исламските носии се задолжителни.

Тој на прес -конференција ги претстави новите правила во образовниот сектор, неколку дена откако талибанците формираа нова влада, составена исклучиво од мажи, пренесе АП.

Хакани додаде дека од студентките ќе се бара да носат хиџаб, но не образложи дали ќе биде задолжително носење превез преку лицето.

Можете да прочитате

Венецуела побара помош од ОПЕК за да ги спречи американските акции

Кина и Пакистан ќе одржат заедничка антитерористичка вежба „Воин IX“

Аеродромот во главниот град на Литванија повторно затворeн поради сомнителни балони