Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Писмото на директорите на ЈЗУ за спас на Венко, е писмо за спас на нивните фотелји

ВМРО-ДПМНЕ: Писмото на директорите на ЈЗУ за спас на Венко, е писмо за спас на нивните фотелји

Писмото на директорите на ЈЗУ за спас на Венко, е писмо за спас на нивните директорски фотелји во ситуација кога и Филипче, и Артан, и Заев треба да си дадат оставки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Тоа писмо за спас на фотелјите ги обвистини и партиските директиви на СДСМ за организираното жалење за оставката на Филипче за која Заев се уште не се изјаснил дали да ја прифати. Тоа значи дека ниту Заев не чувствува морална одговорност.

Очигледно СДСМ повеќе се грижи за фотелјата од независна истрага.

Протестот на граѓаните од Тетово праќаат порака дека народот бара одговорност за ужасната несреќа. До нејзе ќе се дојде само преку неутрална истрага која ќе се случи само ако Заев, Филипче и Груби си дадат оставки за да не влијаат на истата“ додаваат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт