Утрински Весник
Македонија

Скопјанец се шетал со пиштол, полицијата го приведе кај Бит пазар

Скопјанец се шетал со пиштол, полицијата го приведе кај Бит пазар

Полицијата приведе 27-годишен скопјанец за поседување оружје без дозвола.

Според информациите на МВР, вчера во 17.20 часот на подрачје на Бит пазар е уапсен Б.А.(27) од Скопје.

Откако полицијата сопрела автомобил „ауди А7“ со скопски регистарски ознаки, пријавениот излегол од возилото и почнал да бега, но бил фатен и при преглед кај него е пронајден пиштол „ЦЗ 9мм“, две рамки со по седум куршуми кал.9мм без дозвола за поседување.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Можете да прочитате

Променливо облачно време со сончеви периоди

Битиќи: Најавеното намалување на ДДВ на горивата на 10% е неадекватна и задоцнета мерка

Пронајдена дрога во Битола, приведени три лица