Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Загрижувачка состојбата со птичјиот грип во Франција, подигнат степенот за предупредување

Загрижувачка состојбата со птичјиот грип во Франција, подигнат степенот за предупредување
300x250 opst2

Франција го подигна нивото на предупредување за опасност од појавата на птичји грип, откако овој вирус беше откриен кај живина на фарма на североисток од земјата, по дотагашните откриени случаи во соседна Белгија и Луксембург, објави Министерството за земјоделство.

Високо заразен вид на птичји грип, H5N8, беше откриен оваа недела меѓу патки, кокошки, мисирки и гулаби во едно домаќинство во регионот на Ардените, и целата живина беше заклана како мерка на претпазливост, се вели во соопштението на француското министерство.

„Здравствената состојба во врска со високо патогениот птичји грип е загрижувачка. Од 1 август, во Европа се откриени 25 случаи на диви птици и оние што се одгледуваат дома“ се додава од страна на министерството.

Два случаи на вирусот H5N8 беа пријавени минатата недела во Белгија – еден кај продавач на птици и еден во приватен дом – а другиот во домаќинство во Луксембург поврзано со трговец во Белгија, се вели во соопштението.

Последните случаи на птичји грип H5N8 ја натераа Франција да ја подигне проценката на ризик на „умерена“ од „занемарлива“, што значи дека живината во некои региони во земјата ќе мора да се чува во затворени простории, соопшти министерството.

Епидемијата на птичји грип може да ги поттикне земјите увознички, особено во Азија, да воведат трговски ограничувања за производите од месо од живина.

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас