Утрински Весник
Македонија

ЛДП и ДОМ ги објавија кандидатите за градоначалници за Центар, Карпош и Зелениково

ЛДП и ДОМ ги објавија кандидатите за градоначалници за Центар, Карпош и Зелениково

Движењето „Одлучно за промени“ иницирано од ЛДП и ДОМ за кандидати за градоначалници ги предложи Антони Новотни во општина Центар, Христа Најданов во општина Карпош и Катерина Ѓорѓиевска во општина Зелениково.

Проф. д-р Антони Новотни е редовен професор по психијатрија на Медицински факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, со долгогодишно работно искуство на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје. Претседател е на Македонското психијатриско здружение. Автор е на преку 50 научни трудови презентирани на национално и на меѓународно ниво.

Христа Најданов е магистер по комуникации за културни политики со долгогодишно искуство во адвокатурата во областа на човековите права. Потпретседател на Зелената партија ДОМ и актуелен член на Советот на Град Скопје.

Катерина Ѓорѓиевска е м-р по економски науки, инженер по шумарство. Таа е овластен сметководител и е жена претприемач која води сопствен бизнис.

Можете да прочитате

Возач на мопед тешко повреден по сообраќајка во Струмичко

Фатени двајца дрвокрадци во Велешко

МВР му поднесе кривична пријава на градоначалникот на Струга