Утрински Весник
Македонија

Ресен и Преспа во недела ќе останат 10 часа без струја

Ресен и Преспа во недела ќе останат 10 часа без струја

Во недела, 12 септември, во периодот од 08 до 18 часот, жителите на Ресен и Преспа, 10 часа ќе останат без електрична енергија.

Од Електродистрибуција информираат дека прекинот ќе биде поради изведување работи на реконструкција и модернизирање на мрежата со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.

Поради реализација на зафатот, во овој период без снабдување ќе остане цела Општина Ресен, односно градот Ресен и сите населени места во Преспа.

Можете да прочитате

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

Мицкоски по поразот од ДУИ: Повеќе гласови, но недоволно за победа

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа?