Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

„Глас за Македонија“: Бараме разрешување на министерот Филипче во следните 24 часа!

„Глас за Македонија“: Бараме разрешување на министерот Филипче во следните 24 часа!
300x250 opst2

Поради крајна неодговорност која ја демонстрира во целиов период додека трае кризата со епидемијата поради која имаме една од најголемите смртности во светот, која на крајот резултираше со страшна смрт на 14 пациенти во модуларната болница во Тетово, „Глас за Македонија“ бара од Владата разрешување на Министерот Венко Филипче во рок од 24 часа.

„ Во цивилизарани земји оставка се дава од морални причини, но и да не се влијае на истрагата. Бидејќи тој не дава оставка, сега и веднаш, Владата мора да го разреши. Бараме итно испитување на одговорноста и на сите вклучени во синџирот: од против пожарната заштита на болницата, производителот на ваквите модуларни болници, до одговорните во фирмата која издала лиценци за овие болници.

Колку е цинична изјавата на Министерот кој кажува дека насекаде во светот биле исти модуларните болници! Зарем има такви кои горат за неколку минути? Зарем смеат пациенти да се сместуваат во такви пластични канти?

Ова е крајна негрижа, крајна неодговорност на целата Влада и на партиските институции на системот“ додаваат од „Глас за Македонија“.

Можете да прочитате

Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi ќе ја промени државата од корен

Приведен агресивен охриѓанец: Го затекнале во поранешната касарна, нападнал полицајци при легитимирање

Кичевчанец возел со 2,11 промили алкохол во крвта