Утрински Весник
Свет
Img 7972

Се урна зграда во Египет, загинати најмалку три лица

Се урна зграда во Египет, загинати најмалку три лица
300x250 opst2

Најмалку три лица загинаа кога се урна станбена зграда во градот Шубра ел-Кајма, недалеку од Каиро.

Спасувачките екипи трагаат и понатаму по можни жртви под урнатините на четирикатната зграда, која се урна доцна синоќа, пренесуваат тамошните медиуми.

Меѓу жртвите има адвокати, кои работеле во адвокатската канцеларија во зградата што ја поседувал еден од нив, изјави огранокот на адвокатската комора.

Агенциите пишуваат дека полицијата го оградила местото каде што се урнала зградата и ги евакуирала жителите на соседната зграда од безбедносни причини.

Засега не е познато што го предизвикало уривањето.

Според непотврдени извештаи се наведува дека првите резултати од истрагата на обвинителот покажуваат дека зградата била стара, но не се прецизира колку била стара и од што се урнала.

Можете да прочитате

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација