Утрински Весник
Магазин

Мајкл К. Вилијамс, наводно, починал од предозирање со хероин

Мајкл К. Вилијамс, наводно, починал од предозирање со хероин
Dik 300x250 mk

Актерот Мајкл К. Вилијамс, ѕвездата на Wire („Жица“), беше пронајден мртов во неговиот пентхаус во Бруклин, Њујорк, во понеделникот попладне, кога неговиот внук отиде да провери што се случува со него бидејќи никој го немал видено неколку дена.

Веднаш штом го видел легнат на подот со главата надолу, внукот на 54-годишниот актер кренал узбуна, а вратарот веднаш повикал брза помош. Лекарите набрзо стигнале на местото на настанот. Вилијамс бил прогласен за мртов во 14:00 часот, според весникот „Њујорк пост“.

Причината за смртта на Мајкл сè уште не е позната, но се тврди дека хероин бил пронајден на неговата кујнска маса, како и прибор за дрога на друго место во станот.

Полициски извор за весникот изјави: „Немало насилно влегување или неред во станот”.

Сепак, Стејси Дупон – сопруга на внукот кој го пронајде телото на Мајкл – не верува дека смртта на актерот е поврзана со дрога.

Можете да прочитате

Дру Баримор: Мајка ми ме прати на рехабилитација кога имав 13 години, беше пекол

Познат психолог советува: Не решавајте ги проблемите на децата, само слушајте ги

Финалето на „Stranger Things“ ќе има премиера в кино на 31 декември