Утрински Весник
Македонија

Филипче: Во пожарот во ковид – центарот во Тетово има жртви

Филипче: Во пожарот во ковид – центарот во Тетово има жртви

Страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати ковид – центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој на социјалните мрежи информира дека пожарот е веќе изгаснат и дека сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените.

„Пожарот е веќе изгаснат и дека сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се траснспортираат во Скопје за да им се даде соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани. Наскоро ќе излеземе со нови информации“, напиша Филипче.

Тој се упати кон местото на несреќата и напиша дека во најскоро време по увид на состојбата ќе сподели официјални информации што точно се случува.

„Апелирам за смиреност додека ги чекаме деталите за несреќата“, напиша министерот.

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран

Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост” на тема „Право на домување на Ромите”

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК