Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Горан Тодоров како иден градоначалник на Кавадарци за забрзан напредок и развој

Спасовски: Горан Тодоров како иден градоначалник на Кавадарци за забрзан напредок и развој

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска во Кавадарци учествуваше на промоцијата на кандидатот за градоначалник на Кавадарци на коалицијата предводена од СДСМ, Горан Тодоров.

„Со Тодоров, во Кавадарци излегуваме со најдобрата понуда за вашата општина, понуда која заедно со програмата и советничката листа ќе обезбеди забрзан напредок и иден развој на овој важен град во Повардарието“, истакна Спасовски.

Тој нагласи дека работите се менуваат на подобро, во целата држава и во Кавадарци.

„Инвестиравме многу и во инфраструктурата и во земјоделството, во здравството, во детската заштита и образованието. Во овие четири години покажавме дека имаме храброст и визија за патот на напредокот по кој треба да се движиме“, нагласи Спасовски.

Додаде дека низ партнерски однос со лозарите биле решени нивните проблеми кои, како што рече, се провлекувале со години.

Тој наведе дека над 5,7 милиони евра се инвестирани во 36 километри патна инфраструктура, а се вложувало и во комуналната инфраструктура, во нови водоводи и канализации.

Можете да прочитате

Војниците излегуваат на протест пред Владата – жестоки обвинувања кон Мисајловски за лаги и празни ветувања

Серафимовски: Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, годишниот план е надминат за 1,6 тони

Западнонилската треска однесе уште еден живот во Македонија – бројот на починати се искачи на 12