Утрински Весник
Свет

Разбојници одзеле накит вреден 10 милиони евра од продавницата на „Булгари“ во Париз

Разбојници одзеле накит вреден 10 милиони евра од продавницата на „Булгари“ во Париз

Вооружени разбојници провалиле во златарницата на „Булгари“ на луксузниот плоштад Вандом во Париз и украле накит вреден 10 милиони евра, соопшти полицијата.

Тројца вооружени и маскирани лица ја ограбиле неодамна реновираната продавница за накит на плоштадот во центарот на Париз, во близина на хотелот Риц, нешто пред пладне.

Тројцата побеганале со автомобил, а четворица помошници местото го напуштиле со скутери. Тројцата главни извршители биле приморани да го напуштат возилото, па почнале да бегаат пеш.

Еј-би-си њуз пренесува дека еден од уапсените бил застрелан во нога од страна на полицијата пред да биде уапсен.

И други продавници за накит во Париз, исто така, биле цел на разбојници во последните месеци.

Во јули, накит вреден речиси 2 милиона евра беше украден од ексклузивна златарница во близина на Елисејските полиња, иако пленот подоцна беше пронајден, а осомничените уапсени.

Разбојници истиот месец ја нападнале и златарницата „Дин Ван“ во центарот на Париз.

Историскиот плоштад Вандом се смета за срцето на францускиот луксуз. Таму свои продавници имаат многу престижни бредндови.

Можете да прочитате

Северна Кореја одбележува 77 години од основањето со повик за единство и самостојност

Кац: Газа ќе биде срамнета со земја доколку Хамас не се предаде и не ги ослободи заложниците

Француската опозицијата го собори премиерот, целта е Макрон