Утрински Весник
Македонија

Граѓаните преку посебна апликација ќе можат да пријават корупција

Граѓаните преку посебна апликација ќе можат да пријават корупција

Владата на денешната седница ја утврди потребата од потпишување на Договор за воспоставување на електронски систем за поднесување на електронски поплаки и пријави поврзани со услугите кон јавната администрација.

„Електронскиот систем за поднесување пријави, претставки и предлози ќе овозможи граѓаните и правните лица во секое време да пријават сомнежи за корупција во органи на државната управа, како и да пријават проблеми во постапки за добивање определена услуга“, наведуваат од владината прес-служба.

Системот е предвидено да се имплементира како посебен модул во рамките на Националниот портал за електронски услуги, преку кој граѓаните и правните лица ќе можат да испратат пријава за било која услуга, институција, како најавени корисници, анонимно и со можност за евидентирање на пријавата и преку телефон.

Можете да прочитате

Пациентки на Онкологија останаа без терапија – Клиниката се извини за доцнењето на лекот

Костадинов по кривичната пријава: Сите мои одлуки се законски, имам докази за тоа

Војниците излегуваат на протест пред Владата – жестоки обвинувања кон Мисајловски за лаги и празни ветувања