Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Заев: Набрзо почнува изградбата на топловодот до Битола, Новаци и Могила

Заев: Набрзо почнува изградбата на топловодот до Битола, Новаци и Могила
300x250 opst2

АД ЕСМ потпиша договор за реализација на проектот топлификација на Битола, Новаци и Могила, кој во првата фаза чини 27 милиони евра. Економскиот оператор RBA Конзорциум набрзо ќе почне со изградба и поставување на цевките, најави премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

„После 40 години постоење на РЕК Битола и децениско размислување за реализација на овој проект, за само неколку години стигнавме до потпишување договор, а за кратко време и почеток на изградбата на топловодот од РЕК Битола до градот Битола. На овој начин жителите на Битола, Новаци и Могила ќе добијат парно греење, како најблиски населени места кои гравитираат околу комбинатот“, објасни премиерот во својата објава на „Фејсбук“.

Според него, АД ЕСМ сега го прави проектот Топлификација економски исплатлив, а претходно истиот не бил.

„Со предвидената изградба на когенеративната гасна електрана која ќе произведува и електрична и топлинска енергија и која ќе биде замена за два блока на јаглен во РЕК Битола, се прави инвестицијата во топловодната мрежа да биде економски оправдана во иднина, затоа што претходно не беше јасно што ќе биде со топловодната мрежа кога РЕК Битола ќе згасне ваков каков што постои, односно на јаглен“, нагласува премиерот.

Можете да прочитате

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди