Утрински Весник
Магазин

Зендаја брилира на забавата на „Валентино“ во Венеција

Зендаја брилира на забавата на „Валентино“ во Венеција

Зендаја донесе гламур на забавата на модната куќа „Валентино“ одржана на маргините на 78. филмски фестивал во Венеција во саботата.

25-годишната ѕвезда од „Спајдермен“ пристигна на настанот во свилена мини-креација на познатиот италијански бренд, предизвикувајќи воодушевување кај присутните.

Актерката на The Greatest Showman ги покажа своите бескрајни нозе во мини фустан на високата мода, во богата нијанса на бронза.

Зендаја, која беше придружувана од креативниот директор на „Валентино“, Пјерпаоло Пичиоли, исто така го прослави својот роденден на ексклузивниот настан.

Можете да прочитате

Со три утрински навики до помал стрес во текот на денот

Во Јапонија воведуваат Итна помош за хуманоидни роботи на кои ќе им се „слоши“

Денеска е Меѓународен ден на писменост, 739 милиони возрасни лица немаат основни вештини