Утрински Весник
Македонија

Филипче: Хронично болните вакцинирани пред шест месеци може да се пријават за трета доза

Филипче: Хронично болните вакцинирани пред шест месеци може да се пријават за трета доза

Трансплантирани и лица кои се на дијализа кај кои поминале шест месеци од втората вакцина, веќе може да се пријават за трета, бустер доза за заштита од Ковид – 19.

Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека, засега, само компанијата „Фајзер“ има анализи врз основа на кои е веќе препорачана трета доза кај лица со хронични болести.

Сѐ уште нема официјална препорака за трета доза кај сите останати, но голема е веројатноста наскоро да биде препорачана.

„Препораката е дека треба да поминат шест месеци од втората вакцина за да почне вакцинацијата со трета односно бустер доза. Најнапред во тие анализи и студии е компанијата ‘Фајзер’ со која што имавме состанок и ни укажаа на тоа дека голема е веројатноста дека ќе препорачаат трета, бустер доза за сите граѓани после шест месеци од примената ревакцина. Официјалните препораки се уште ги очекуваме, а нашиот Комитет за имунизација ги чека токму официјалните за ние тој дел, исто така, да го препорачаме. Веќе официјално е препорачана трета доза за имунокомпромитирани пациенти, оние кои се на хронична дијализа и транспланитраните, но треба да помине период од шест месеци, луѓето може да се пријават“, рече министерот Филипче.

Тој нагласи дека според податоците со кои располагаат досега, трета доза „Фајзер“ може да се прими без разлика од која компанија се првите две примени вакцини.

„Единствена што сега укажува на тоа дека е потребна бустер доза и не се прави разлика која е првата вакцина е компанијата ‘Фајзер’ што значи дека таа вакцина може да се користи како бустер доза без разлика на тоа кои се првите две примени вакцини. Само овие податоци од ‘Фајзер’ се тие кои ги има стручната јавност, ги следиме овие препораки“, рече министерот Филипче.

Од оваа недела здравствените власти ставаат акцент на вакцинација на лицата над 18 години оти, како што рече Филипче, тие се помалку заштитени, мал е бројот на вакцинирани, а важат за медијатори, можат да го шират вирусот во семејствата.

Тој им препорача на родителите да не стравуваат за безбедноста на вакцината на „Фајзер“ со која се вакцинираат младите кај нас оти е докажано безбедна и ефикасна.

Можете да прочитате

Генералниот секретар на СДСМ: Тошковски уште не поднесе оставка?

Левица: Министерството за одбрана лаже, најдобрите кандидати се подло одбиени

Пожар кај Долно Дупени, спасени се неколку куќи