Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Медведев и Свитолина супериорни, холандско изненадување за Шварцман

Медведев и Свитолина супериорни, холандско изненадување за Шварцман
300x250 opst2

Светскиот рекет број 2, Данил Медведев влезе во четврт-финалето на САД опен, откако за помалку од два часа со 6:3/6:4/6:3 го декласираше британскиот миленик Ден Еванс, додека Аргентинецот Диего Шварцман доживеа незгоден пораз во маратонскиот меч од речиси 4 и пол часа, за да биде елиминиран со 6:3/6:4/5:7/5:7/6:1 од Холанѓанецот Ботик ван де Цандшлуп, тенисер кој се наоѓа на 117. место на АТП листата.

Кај дамите, пак, прва во четврт-финалето влезе украинската фаворитка, Елина Свитолина, која стигна до релативно лесна 6:3/6:3 победа над поранешната светска тенисерка број 1, Симона Халеп.

Свитолина ги искористи проблемите на Халеп на нејзин сервис, правејќи пет брејка од своите 12 шаси во двата сета. Украинката пристигна во Њујорк по освоениот бронзен медал на Олимпијадата во Токио и со добар настап на САД опен може да го подобри својот најдобар пласман на ВТА листата, третото место.

> Медведев и Свитолина супериорни, холандско изненадување за Шварцман <

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент