Утрински Весник
Македонија

Митева: Што бараат луѓе од шеста управа на местото на сообраќајката кај Стража и кој се обидува да го сокрие Кичеец?

Митева: Што бараат луѓе од шеста управа на местото на сообраќајката кај Стража и кој се обидува да го сокрие Кичеец?

На местото на несреќата пред Стража,  биле видени и лица дел од шестата управа, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, обвинувајќи дека цел ден се вршат притисоци врз сведоци на настанот, но и медиуми да не изнесуваат информации за сообраќајката.

„Се вршат притисоци за прикривање ова што се случило денес. Власта треба да одговори на јавноста зошто Кичеец е пуштен на слобода и што бараат лица вработени во АНБ на лице место на настанот? Ова е уште еден доказ почитувани граѓани, за целосната криминализираност на системот на власта. До кога врвот на власта ќе штити криминалци?“, праша Митева.

Претходно денеска, од Управата за извршување на санкции објаснија дека тој користел 30-дневно отсуство од затвор поради здравствени причини.

 

Можете да прочитате

„Не бараме одмазда, туку правда“, порачаа родителите на денешниот „Марш за ангелите“

Мицкоски: На овој Конгрес не добив само реизбор, победи идејата, од поглавје на кризи, отвораме поглавје на зрелост

Приведен жител на неготинско Курија, одземено возилото поради прекршоци