Утрински Весник
Свет

Во Србија 3.623 нови случаи на коронавирус, 17 лица починаа

Во Србија 3.623 нови случаи на коронавирус, 17 лица починаа

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 3.623 нови случаи на коронавирус, а 17 лица починаа.

На респиратор има 87 лица, а вкупниот број хоспитализирани лица е 1.403.

Во последните 24 часа тестирани се 16.190 луѓе, а од почетокот на епидемијата, тој број е 5.074.749.

Вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата е 773.426, на починати 7.339, а стапката на смртност 0,95 проценти, објави „Б92“.

По Батајница и Крушевац, и во Нови Сад е отворена нова ковид – болница со повеќе од 600 кревети, кои треба да го ослободат здравствениот систем во Војводина.

Можете да прочитате

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Трамп откри каков подарок му дал Иран

Финска пратеничка казнета поради изјава за хомосексуалноста