Утрински Весник
Македонија

За четири недели од ковид починале 480 луѓе, 89 % од нив биле невакцинирани

За четири недели од ковид починале 480 луѓе, 89 % од нив биле невакцинирани

Во период од 06.08 до 02.09.2021 на територија на државата 22.416 граѓанин биле позитивни на Ковид-19, од нив 18% биле целосно вакцинирани, односно 4191 лице. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе четири недели, 18.225 граѓани, односно дури 81% од позитивните не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 87%, додека само 13% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани, соопшти Министерството за здравство.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од четири седмици на територија на државата починале 480 лица со Ковид-19, 429 пациенти (89%) од починатите не биле вакцинирани, а само 51 (10%) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини на „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Можете да прочитате

Од утре влажен бран со магла

Од опинок до италијански брендирани чевли

Филипче го избра Маричиќ за претседател на ДИК, Кондарко продолжува како член