Утрински Весник
Македонија

Две дози вакцини примиле 555.322 граѓани

Две дози вакцини примиле 555.322 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 737.060 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.475 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.037 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.292.383 дози вакцини, а ревакцинирани се 555.322 граѓани.

Со последните бројки 53% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Можете да прочитате

Најстудено и утрово во Берово, 24 сантиметри снег на Попова Шапка

Сибирска експлозија ни следува по 20 јануари, температури и до -25°

Владата утврди квота од 10.000 работни дозволи за странци за 2026 година