Утрински Весник
Свет

Лице инфицирано со делта-сојот може да зарази 20 до 30 луѓе, вели епидемиолог од БиХ

Лице инфицирано со делта-сојот може да зарази 20 до 30 луѓе, вели епидемиолог од БиХ

Во Босна и Херцеговина, денеска е регистрирано зголемување на бројот на смртни случаи поврзани со инфекција од коронавирус, откако во изминатите 24 часа беа пријавени 24 починати.

Загрижувачките податоци за зголемувањето на бројот на смртни случаи се проследени со оние за зголемување на дневниот број на нови инфекции. Во вторникот имаше 564 нови случаи, а претходниот ден повеќе од 600.

Забрзано ширење на инфекцијата во БиХ е забележано од почетокот на август, но наглото зголемување на бројот на нови случаи уследи оваа недела, а здравствените експерти предупредуваат дека ова е резултат на слабата вакцинација, но и доминацијата на делта сојот на коронавирусот.

„Лице заразено со делта сојот може да зарази 20 до 30 луѓе“, изјави пред новинарите Бранислав Зељковиќ, директор на Институтот за јавно здравје на Република Српска, предупредувајќи дека затоа се повеќе луѓе се заразени.

Досега, нешто повеќе од 10 проценти од возрасните во БиХ ги примиле двете дози на вакцина против коронавирус, додека околу 20 проценти се вакцинирани со една доза.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Убиена е трудница со потекло од Балканот, партнерот е обезглавен и главата му е набиена на колец

Израел тврди дека нема масовна глад во Газа

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина