Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Дигитализацијата на судството ќе значи и нови услуги за граѓаните

Маричиќ: Дигитализацијата на судството ќе значи и нови услуги за граѓаните

Министерот за правда Бојан Маричиќ во својот говор на Меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“, кажа дека набрзо во земјава ќе почне да пристигнува опремата која ќе биде инсталирана во судовите и судниците, со што тие целосно ќе се дигитализираат.

Според планот за дигитализацијата кој веќе го усвои Влада, ќе се опремат речиси 200 судници, 34 судови, но и новата судница која се прави во затворот Идризово, што ќе овозможи судење на делечина.

„Наша цел е побрзо, подобро и посовремено судство, а тоа значи дигитализација на постапките во судствотo, воведување на електронска комуникација помеѓу судовите, другите правосудни институции, но и дигитализација на услугите за граѓаните. Владата неодамна го донесе оперативниот план кој всушност произлегува од активностите на агендата на Европската Комисија ЗЕЛЕНА ДИГИТАЛНА ТРАНЗИЦИЈА. Ова значи дека е вистинско време за модернизација на судството и дека сме фатиле чекор со современите текови. Дигитализацијата на судството е еден од важните чекори во реформата на системот, особено во зголемување на ефикасноста и транспарентноста“, потенцираше Маричиќ.

Министерот за правда објави и дека со ОБСЕ се работи на изготвување функционална платформа на која ќе бидат објавувани податоци за работата на судовите во врска со квалитетот и квантитетот на нивното работење, односно распределбата на предмети, завршени предмети, времетраењето на постапките и евентуално одложувања.

Со дигитализацијата ќе се воведат и нови електронски услуѓи за граѓаните, односно сите потребни потврди од судовите и институциите ќе можат да се добиваат електронски.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа