Гранит Џака ги разочара Швајцарците. Поради коронавирусот тој ќе ги пропушти квалификациските натпревари, за пласман на Светското првенство, во овој циклус.
Новиот селектор, Мира Јакин, рекол дека Џака „е капитен и човек кого никој не може да го убеди да се вакцинира“.
Џака веќе го пропушти контролниот натпревар со Грција.
„Сериозно сметав на Џака. Тој е нашиот капитен. Но одлуката да не се вакцинира е негова. Јас не можам да некого да му кажувам што треба да направи“, рекол швајцарскиот селектор.
Фудбалскиот сојуз на Швајцарија им препорача на сите фудбалери, судии, тренери и клупските челници да се вакцинираат. Џака е единствениот репрезентативец кој не ја прележела короната или не е вакциниран.
„Би биле неодговорни кога не би знаеле кој е вакциниран, а кој не“, рекол портпаролот на Сојузот, Адријан Арнолд.
> Џака ги разочарал Швајцарците <