Утрински Весник
Свет

(Видео) Њујорк под вода, прогласена вонредна состојба

(Видео) Њујорк под вода, прогласена вонредна состојба

Во Њујорк е прогласена вонредна состојба поради обилните дождови кои предизвикаа поплави. Според Си-ен-ен невремето е последица на ураганот Ида.

Како што јавија американските медиуми, на сила е забрана за патување со возила низ патиштата, а речиси сите градски линии на метрото се прекинати.

„Вечерва сме сведоци на историско невреме со рекорден дожд, брутални поплави и опасни услови на патиштата. Никогаш не сум видел толку многу дожд да падне за толку кратко време“, напиша градоначалникот на Њујорк, Бил Де Бласио, на „Твитер“.

Тој ги повика луѓето да не излегуваат и да останат дома.

Можете да прочитате

За секој напад на Иран во Хормуз САД ќе уништат по еден мост во Иран, се закани Трамп

Ортега: Нема веќе избори во Никарагва

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години