Утрински Весник
Свет

(Видео) Пахор: Северна Македонија направи се а не доби ништо за возврат од ЕУ

(Видео) Пахор: Северна Македонија направи се а не доби ништо за возврат од ЕУ

Словенечкиот претседател Борут Пахор на Бледскиот стретки форум во Словенија порача дека ЕУ мора да ги почне преговорите со Македонија и Албанија и дека тоа прашање мора да биде приоритет на Унијата. Според него, ова прашање повеќе не е само политичко.

„Што направи Северна Македонија за својата перспектива? – Се и повеќе. А што доби за возврат? – Ништо и помалку од тоа. Со ова кредибилитетот на ЕУ многу се наруши. Се обидувам да разберам дека проширувањето на ЕУ во моментов не е приоритет, имајќи ги предвид сите преблеми во ЕУ и пошироко. Но сепак, верувам дека постигнувањето прогрес во преговорите со С Макеоднија и Албанија треба да остане приоритет и ова прашање да се затвори,“ рече Пахор.

Можете да прочитате

Ортега: Нема веќе избори во Никарагва

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Американската воена операција во Иран досега чинела 37,5 милијарди долари, изјави шефот на Пентагон