Жозе Мурињо победи на првите четири натпревари како тренер на Рома. „Волчицата“, забележа две победи во Серија А и две во Лигата на конференции.
Португалецот, во летниот преоден рок донесе три звучни засилувања: Тами Ејбрахам од Челзи, Елдор Шомуродов од Џенова и голманот Руи Патрисио од Вулверхемптон.
Намерата му беше да го растовари клупскиот буџет и да се ослободи од четворица фудбалери. Еден од нив Хавиер Пасторе го напушти клубот, додека останатите тројца (Стивен Нзонзи, Давиде Сантон и Федерико фацио) се уште се во Рома.
Нзонзи ги одби понудите на Монпелје и Бордо, Сантон не сакаше да се пресели во Венеција, додека Фацио го одби Кадиз.
Одлуката на овие тројца фудбалери да останат во Рим го налутила Мурињо. Тренерот реши тие да не тренираат со првиот тим, туку ќе работат одвоено. Исто така клубот најави дека не тројцата ќе им бидат намалени платите.
> Мурињо исфрли тројца од првиот тим – Нзонзи, Сантон и Фацио ќе тренираат одвоено <