Утрински Весник
Свет

СЗО: Трета доза од вакцината не е луксуз, туку потреба

СЗО: Трета доза од вакцината не е луксуз, туку потреба

Трета т.н. „бустер доза“ на вакцината против Ковид-19 е начин да се заштитат најранливите, а не луксуз, соопшти денеска Светската здравствена организација.

СЗО претходно овој месец посочи дека податоците не укажуваат на потреба од дополнителни вакцини и дека ревакцинацијата на целосно вакцинирани лица дополнително ќе ја зголеми нееднаквоста помеѓу богатите и сиромашните земји.

„Третата доза на вакцината не е луксуз одземен од некој друг кој сè уште ја чека првата доза. Тоа е начин да се заштитат најранливите“, рече Ханс Клуге, шефот на СЗО Европа, на брифинг со новинарите.

Клуге, исто така, рече дека порастот на стапката на пренос на Ковид-19 низ Европа во текот на изминатите две недели, со ниски стапки на вакцинација во некои земји, е длабоко загрижувачки.

Можете да прочитате

Итна евакуација на 40.000 луѓе во Калифорнија поради истекување на опасна хемикалија

Трамп нема да присуствува на свадбата на својот син Доналд Помладиот поради државни обврски

Унгарија го забрани увозот на земјоделски производи од Украина