Утрински Весник
Свет

Речиси во цел Париз од денеска не смее да се вози побрзо од 30 километри на час

Речиси во цел Париз од денеска не смее да се вози побрзо од 30 километри на час

Покрај Ајфеловата кула или низ Латинскиот кварт во Париз, од денес нема повеќе брзо возење, бидејќи ограничувањето на брзината од 30 километри на час стапи во сила на речиси сите улици во „градот на светлината“.

Најновата иницијатива е дел од напорите на француската престолнина за борба против климатските промени и промена на односот на граѓаните кон нивните возила, пренесува агенцијата АП.

Градските власти велат дека целта е исто така да се намали бројот на сообраќајни несреќи и да се направи Париз попријатен за пешаците.

Сепак, новата одлука налути дел од возачите, а добавувачите велат дека ќе го продолжат времето на чекање за клиентите.

Анкетите покажуваат дека повеќето парижани ја поддржуваат оваа идеја, особено со надеж дека ќе ги направи улиците побезбедни и потивки.

Сепак, постојат исклучоци од новото правило што важат за неколку широки авении, вклучувајќи ги познатите Елисејски полиња и обиколницата околу главниот град.

Можете да прочитате

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп