Утрински Весник
Свет

Борел: Земјите членки мора да бидат подготвени за идни кризи

Борел: Земјите членки мора да бидат подготвени за идни кризи
Dik 300x250 mk

Владите на ЕУ мора да постигнат напредок со европските сили за брза реакција за да бидат подобро подготвени за идни кризи, како онаа во Авганистан, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Села“, Борел изјави дека забрзаното распоредување на американски војници во Авганистан покажало дека Европската унија треба да ги забрза напорите за изградба на заедничка одбранбена политика, пишува „Ројтерс“.

„ Мора да извлечеме поуки од ова искуство бидејќи не успеавме да испратиме 6.000 војници околу аеродромот во Кабул за да ја обезбедат областа, а тоа го направија САД“ рече Борел.

Тој додаде дека 27-те членки на ЕУ треба да имаат почетна сила од 5.000 војници и дека тие мора да бидат способни брзо да реагираат.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците