Утрински Весник
Спорт

Рубен Дијаш доби нов договор и дупло поголема плата

Рубен Дијаш доби нов договор и дупло поголема плата

Манчестер сити објави дека го продолжиле договорот со Рубен Дијаш. Португалецот, во синиот дел на Манчестер ќе остане до јуни 2027 година.

Минатото лето, Манчестер сити на Бенфика и плати 62 милиони евра за Рубен Дијаш. Со своите игри во сезоната во која „граѓаните“ ја вратија шампионската титула на „Итихад“, Португалецот, го импресионираше својот тренер Пеп Гвардиола, поради што и доби нов договор и дупло поголема плата.

Рубен Дијаш ќе заработува 165.000 фунти неделно, односно околу осум милиони фунти годишно.

Рубен Дијаш беше прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата.

> Рубен Дијаш доби нов договор и дупло поголема плата <

Можете да прочитате

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција

ГРК Охрид попладнево му гостува на Олимпијакос во Атина во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија